Девизните резерви на државата на крајот на минатата година ја преминаа границата од две милијарди евра. Народна банка на Р. Македонија, која управува и ракува со нив, објави дека во декември 2011 година во пари, монетарно злато и хартии од вредност државата имала резерва вредна точно 2.068.900.000 евра. Од јануари до декември лани девизните резерви се зголемиле за цели 362,1 милион евра. Според аналитичарите на НБРМ, растот на салдото на девизните резерви до досега највисоките повеќе од два милиона евра во најголем дел се должи на средствата од кредитната линија за претпазливост на ММФ повлечени од страна на државата, како и на позитивните валутни промени и промените на цената на златото. Структурата на девизните резерви на крајот на минатата година покажува дека тие најмногу се потпираат на хартиите од вредност. Изразени во евра тие вределе близу 1,4 милијарди.
Девизните резерви на државата на крајот на минатата година ја преминаа границата од две милијарди евра.
Народна банка на Р. Македонија, која управува и ракува со нив, објави дека во декември 2011 година во пари, монетарно злато и хартии од вредност државата имала резерва вредна точно 2.068.900.000 евра.
Од јануари до декември лани девизните резерви се зголемиле за цели 362,1 милион евра. Според аналитичарите на НБРМ, растот на салдото на девизните резерви до досега највисоките повеќе од два милиона евра во најголем дел се должи на средствата од кредитната линија за претпазливост на ММФ повлечени од страна на државата, како и на позитивните валутни промени и промените на цената на златото.
Структурата на девизните резерви на крајот на минатата година покажува дека тие најмногу се потпираат на хартиите од вредност. Изразени во евра тие вределе близу 1,4 милијарди. Во валути и депозити се чувале 407 милиони евра, а во монетарно злато 267,5 милиони евра.
Нагорните промени на цената на златото во текот на минатата година придонеле вредноста на монетарното злато што се чува во резервите на државата во дванаесетте месеци на 2011 година да се зголеми за 55 милиони евра. Во тој период вредноста на валутите и девизите пораснала за 144 милиони евра, а на хартиите од вредност за 163 милиони.
Меѓународниот монетарен фонд, кој постојано го држи на око движењето на макроекономските параметри е задоволен од достигнатото ниво на девизни резерви. Дека резервите се на задоволитено ниво монетарците констатираа еден месец пред крајот на годината, кога тие изнесуваа 1,8 милијарди евра. И гувернерот на НБРМ Димитар Богов во неколку наврати во текот на годината изјавуваше дека девизните резерви ни се одлични и со нив може да се покријат четири месечни увози на државата.
Според прегледот на НБРМ за годинава има и план за краткорочни одливи на девизни средства во вкупна вредност од 11,55 милиони евра, од кои 71,54 милиони се главнина, а останатото камата. Најголем дел од овие заеми во странска валута, хартии и од вредност и депозити на кои им дошло време за враќање, вкупно 85,56 милиони, се со рок на доспевање од три месеци до една година. Освен со планираните НБРМ калкулира и со потенцијални краткорочни нето одливи на девизни средства. Потенцијалните девизни обврски се пресметани на ниво од 281,2 милиони евра, од кои повеќето би биле со рок на доспевање од три месеци до една година. Притоа се смета дека е можен одлив на 53 милиони евра како колатерални гаранции на долг кој треба да се исплати во рок од една година.